Кошаркарите на Партизан се спасија од голема бламажа во Чачак, родниот град на нивниот тренер Жељко Обрадовиќ.
„Црно-белите“ стигна до победа со 84-77 и покрај тоа што на околу три минути пред крајот на натпреварот имаа негатива од 69-73. Смаилагиќ потоа постигна две, а Ледеј една тројка и Партизан дојде до победата, значајна во борбата за второто место во АБА лигата.
Тимот на Обрадовиќ сега има биланс 16/6 и заостанува една победа зад второпласираната Будуќност, на четири кола пред крајот на основниот дел од сезоната.