Кошаркарскиот клуб Партизан го претстави тимот за следната 2024/25 сезона преку спектакуларната „Црно-бела симфонија“ во Домот на синдикатите во Белград.
Тимот ќе го сочинуваат 16 играчи: Балша Копривица, Вања Маринковиќ, Ифе Лундберг, Френк Ниликина, Аријан Лакиќ, Стерлинг Браун, Карлик Џонс, Двејн Вашингтон, Марио Накиќ, Исак Бонга, Ајзеа Мајк, Тајрик Џонс, Брендон Дејвис, Митар Бошњаков Покушевски.
На промоцијата го немаше Карлик Џонс, кој во вторник ќе им се придружи на соиграчите на првиот тренинг на подготовките за новата сезона.
Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ им се заблагодари на сите кои учествуваа во организацијата на прославата, како и на играчите кои до пред неколку месеци беа во клубот.
Тој рече и дека клубот одлучил да направи нов тим со 16 играчи, кои ќе имаат просечна возраст од 25 години и ќе бидат меѓу најмладите во Евролигата.
– Тоа е примарното натпреварување, следната година ќе се обидеме да добиеме тригодишна лиценца, тоа ни е главната цел. Привилегија е да се биде во Партизан во која било смисла, истакна Обрадовиќ.