Со освоен златен медал од Олимписките игри во Париз и полн со оптимизам, најдобриот тенисер на светот на сите времиња, Новак Ѓоковиќ ги започна подготовките за пат кон Њујорк. Ѓоковиќ е актуелен освојувач на гренслем-турнирот Отворено првенство на САД и сигурно еден од фаворитите и оваа сезона.
Српскиот тенисер преку социјалната мрежа „ТикТок“ објави снимка на која покажува како течат подготовките за пат кон Њујорк.
„Ги подготвувам моите торби. Оваа е поголема, има поголем простор, тоа е тоа што сите го сакаме. Посебно тенисерите, сакаат повеќе простор за рекетите, за капите, потниците, чорапите… Тука е и книгата. Сè започнува со молитва. Суплементи, енергетски дискови… Секако, јас сум еден од оние кои повеќе носи од што е потребно. Еднаш се случи да слетам во Њујорк и веднаш заминав на тренинг. Живеам во куферите, во торбите. Тоа е мојот живот. Тоа не е тажна приказна, не правам никакви споредби. Само го зборувам тоа како што е. Се гледаме во Њујорк“, меѓу другото, рече Ѓоковиќ.