Првиот светски тенисер Ѓоковиќ беше во нокдаун, но успеа да се извлече и стигна до третото коло.
Пресметката траеше нешто помалку од оној на Србинот во првото коло против хрватот Прижмиќ, Новак на теренот помина три часа и 12 минути, но успеа да го скрши отпорот на жилавиот ривал. Клучен се покажа третиот сет во кој Ѓоковиќ спаси четири сет-топки бидејќи на свој сервис, при резултат 4-5, имаше 0-40 и потоа предност за Попирин. Откако го преброди тој гем, во тај-брејк дојде до водство од 2-1 и потоа во четвртиот сет лесно го скрши отпорот на противникот.
Во третото коло, Ѓоковиќ ќе игра против аргентинскиот тенисер Ечевери кој денеска беше подобар од французинот Монфилс со 3-0.
https://twitter.com/i/status/1747577642008613144