Грчкиот тенисер Циципас ја доби пресметката против Александер Зверев со 2-0 во сетови, односно 7-6 и 6-4 и се пласира во четвртфинале на Мастерсот во Париз.
Циципас направи брејк уште во вториот гем на првиот сет (2-0), но потоа не искористи две сет-топки и му дозволи на Германецот да го врати брејкот за да остане во сетот. Во тај-брејкот подобар беше Гркот со 7-2 и поведе со 1-0 во сетови.
Вториот сет беше решен само со еден брејк, и тоа во првиот гем кога Гркот поведе со 1-0, а потоа успешно го чуваше водството и славеше со 6-4.
Гркот во четвртфинале ќе се соочи против Карен Хачанов, кој славеше со 2-1 во сетови против Сафијаулин.