Напаѓачот на бразилски Гремио, Луис Суарез, до крајот на оваа година ќе стави потпис за Интер Мајами и повторно ќе игра заедно со Лионел Меси, објавиja уругвајските медиуми.
Уругваецот на почетокот од годинава дојде во Гремио и со бразилскиот тим потпиша договор кој важи до 31 декември 2023 година.
Суарез сакаше уште во летниот преоден рок да се пресели во Интер Мајами, но Гремио не му дозволи и му порача да го одработи договорот до крајот.
Според уругвајските спортски медиуми, повеќе нема дилеми, Суарез наскоро ќе потпише договор со Интер Мајами и повторно ќе игра заедно со Лионел Меси, но и со Серхио Бускетс и Жорди Алба, со коишто играше во каталонскиот гигант Барселона.