Иако игра се уште квалитетно, вели дека нема да се пензионира се додека со Милан не освои трофеј, факт е дека Златан Ибрахимовиќ ја “ситни“ петтата деценија од својот живот.Токму затоа челниците на италијанскиот гигант се во потрага по негова замена. А таа е најдена во нападот на Ливерпул, во Дивок Ориги.
Имено познато е дека Белгијанецот е одличен фудбалер, сепак поради големата конкуренција во нападот на “Редси“ тој добива мала минутажа од Јирген Клоп. Па затоа неговите менаџери го понудиле во Милан, а челниците на клубот од Милано биле радосни што веќе претстојното лето би можеле да го ангажираат квалитетниот Белгијанец во своите редови.