ФК Партизан, односно неговиот тим кој се занимава со социјалните мрежи, навлече сериозен гнев кај своите навивачи објавувајќи дека споделуваат книга со наслов:„Док Партизан битке бије, Хрватски се барјак вије“ , од хрватскиот новинар Ивица Пежељ.
Да потсетиме, тој е автор кој е голем љубител на црно-белите, а за тоа неодамна проговори и за официјалните клупски медиуми.
– Времињата се менуваат, се случи многу, само од 1976 година до денес опстана и ќе опстане љубовта кон Партизан. Вујко ми Миќо од Лика беше одличен играч на Партизан, заедно го следевме спортот и тој влијаеше на мојата одлука – се пофали Пезељ.
Сепак, тоа што црно-белите ја подаруваат неговата книга не им се допаѓа на навивачите на овој клуб кои не штедеа навреди во коментарите на Инстаграм. Спорната објава потоа била отстранета, пишува Телеграф.
Објавата на медиа екипата на Партизан ги израдува сите навивачи на Црвена звезда, кои традиционално ги задеваат црно-белите ривали дека се „франјевци“.