По се изгледа дека Барселона иако има проблем со буџетот и со износот на платите на играчите, решена е да ангажира уште еден офанзивен фудбалер од средниот ред или напаѓач.
Според шпанските медиуми вчера се обиделе да го договорат Жоао Феликс но Симеоне експресно ги одбил. Сега се свртени кон шпанскиот репрезентативец Дани Олмо, а најновата инфомација е дека Едисон Кавани бил понуден од страна на Манчестер Јунајтед. За Барса, платата на Кавани би била неприфатливо висока па и овој трансфер е тешко остварлив.
Во ситуација кога Серхио Агуеро е сеуште надвор од терените, a Осман Дембеле и Ансу Фати се уште се опоравуваат од повредата на коленото на Барса и останува да се потпре на напаѓачкото трио Гризман, Депај, Брајтвајт.