Португалскиот голгетер Кристијано Роналдо (36) потпиша двегодишен договор со Манчестер Јунајтед, со што заврши приказната за неговото враќање во клубот со кој освои осум големи трофеи помеѓу 2003 и 2009 година, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.
Манчестер Јунајтед ќе му плати на Јувентус 15 милиони евра како компензација плус осум милиони бонуси во зависност од перформансите на Роналдо.
“Едвај чекам да заиграм повторно пред целосно исполнет Олд Трафорд. Манчестер Јунајтед отсекогаш имал посебно место во моето срце и јас сум трогнат од пораките што ги добив откако беше објавено дека се враќам во Јунајтед”, – изјави Роналдо.