Аталанта освои три бодови на гостински терен кај Монца (1-3) и повторно е во игра за место во ЛШ преку италијанската Серија А.
Италијанското калчо следната сезона ќе има пет екипи во европската елита, а Аталанта посакува едно од местата. Божицата немаше победа две кола, но овој дуел со новајлијата го доби рутински.
Се играше 44. минута кога Де Кетелар донесе предност за гостинот од Бергамо, а во вториот дел, во 72. минута, Туре зголеми на 0-2. Почесниот гол за Монца на овој натпревар го постигна Даниел Малдини пред самиот крај.
Аталанта во следната рунда ќе биде домаќин на Емполи, додека Монца ја чека гостување кај Лече.