Вистинската бламажа беше видена на гала ручекот неколку недели пред натпреварот помеѓу ПСЖ и Реал. ПСЖ го претставуваа Насер Ал Хелаифи и Леонардо, а на другата страна седеа Флорентино Перез, Анхел Санчез и Емилио Бутрагено. Наводно, атмосферата на ручек била на работ на скандал. Сето тоа го подготви Леонардо кој упати остри зборови кон Реал кој со месеци го прогонува Килијан Мбапе.
Се водеше жестока дебата која заврши со непријателски тонови, па се очекуваше дополнително да се влоши ситуацијата меѓу клубовите, особено поради коментарите во мадридските медиуми по мечот во Париз.
Денес, пак, сликата на ручекот беше сосема поинаква. Перез пристигна 15 минути порано од планираното, а средбата меѓу двете страни помина во прилично пријателска атмосфера.
Разговорите траеја два часа, се разменија подароци, а челниците на Реал и ПСЖ со насмевка го напуштија ресторанот.
Вечерва во реваншот од Лигата на шампионите сигурно нема да има пријателство на теренот, а францускиот великан ја брани гол предноста од првиот натпревар (1:0).