Откако пред неколку години Европската куќа на фудбалот го зголеми бројот на учесници на ЕУРО од 16 на 24, сега се планира ново проширување.
Maкедонија го искористи претходното зголемување на бројот на учесници и за прв пат настапи на Европско првенство.
Затоа потенцијално добра вест за нашата репрезентација би можела да биде тоа што шампионатот во 2028 година се планира да има 32 репрезентации.
Според „Дејли мејл“, мотивот на УЕФА за ново проширување и практично удвојување на бројот на учесници во однос на турнирите до 2016 година се финансиите и поголемиот приход од повеќе страни (билети, ТВ права во повеќе земји, спонзори.. .).
Иако, љубителите на фудбалот се многу скептични дека новото зголемување на дури 32 селекции ќе придонесе за намалување на квалитетот на фудбалот во кој би уживале истите гледачи.
Сеуште не се знае каде ќе се одржи ЕУРО 2028, а први фаворити се Британците – Англија, Шкотска, Велс, Северна и Република Ирска.