Ливерпул покажува сериозен интерес за играчот за врска на Рома, Николо Заниоло. За офанзивниот фудбалер минатото лето беа заинтересирани и Евертон и Тотенхем, но не дојде до сериозни преговори. Сега италијанските медиуми тврдат дека „црвените“ направиле чекор напред и стапиле во контакт со римјаните.Заниоло има договор со Рома  за уште две години, а неговиот агент неодамна изјави дека нема разговори меѓу него и клубот за продолжување на соработката. 22-годишниот  Заниоло е  исклучително важен играч за „волчицата“, иако се уште го прогонуваат повредите.Јувентус и Атлетико Мадрид исто така ја следат ситуацијата околу играчот.Ливерпул направи два од своите најуспешни трансфери во последните години со играчи кои дојдоа од Рома. Од Рим на „Енфилд“ пристигнаа Мохамед Салах и голманот Алисон Бекер.Менаџерот Јирген Клоп подолг период бара адекватно решение за засилување на средниот ред на својот тим,па многу е веројатно  да го донесе на островот.