Машката репрезентација на Шведска го освои златниот медал во карлинг на Зимските олимписки игри во Пекинг, откако во финалето ја совлада Велика Британија со 5:4.
Никлас Един на тој начин ја освои единствената голема титула што му недостигаше во кариерата.
Тој загуби во финалето пред четири години во Пјонгчанг, а сега ја предводеше Шведска до првото олимписко злато.
Швеѓаните беа четврти во 2010 година, трети во 2014 година и втори пред четири години, но овој пат конечно по 11 рунди стигнаа до првото скалило на подиумот односно „екстра-енд“.
Бронзениот медал вчера го освои селекцијата на Канада која славеше во мечот за третото место против САД со 8:5.