Камила Валиева (15), руската лизгачка која била вмешана во допинг скандал на Зимските олимписки игри се бранеше на рочиштето тврдејќи дека по грешка земала лекови за срцето на нејзиниот дедо. Таа го изнесе аргументот на сослушувањето пред Судот за спортска арбитража (CAS) за тоа дали треба да и се дозволи да продолжи да се натпреварува во Пекинг, рече Денис Освалд, постојан претседател на Дисциплинската комисија на Меѓународниот олимписки комитет.
„Нејзиниот аргумент беше дека оваа контаминација се случила со мешање со производ што го земал нејзиниот дедо“, рече Освалд. Претходно, МОК на прес-конференција соопшти дека примерокот „Б“ на Валиева допрва треба да се анализира и покрај првичниот позитивен резултат. Т
Валиева беше тестирана на нејзиниот државен шампионат на 25 декември, но позитивниот резултат за забранет лек за ангина пристигна дури на 8 февруари, откако таа веќе се натпреваруваше на Игрите во Пекинг.
„Овие изминати денови ми беа многу тешки, како да немам повеќе емоции. Среќна сум што лизгам на крајот на краиштата, но во исто време сум емотивно уморна“, изјави Валиева за руската телевизија.