Олимпискиот спорт има нова рекордерка и нова најмлада спортистка со златен медал. Игрите во Париз ќе се паметат во еден навидум непопуларен спорт, кој запиша историја.
На финалето во скејт, младата јапонска тинејџерка Коко Јошизава стана втората најмлада спортистка која некогаш освоила златен медал. Со само 13 години и 330 дена Коко направи подвиг, но не ја мина Марџори Гестринг, која се закити со златниот медал во скокови во вода на Олимписките игри во Берлин во 1936 година, кога имаше само 13 години и 268 дена.
Јошизава на второто место се израмни со вториот најмлад освојувач на злато досега, Момиџи Нишија од Јапонија, која во Токио во 2021 година имаше 13 години и 330 дена.
Јошизава славеше пред сонародничката Лиз Акама (15) и Бразилката Рајса Леал (16).