Хокеарите на Словачка го освоија бронзениот медал на Зимските олимписки игри, откако ја победија Шведска со 4:0 (0:0, 2:0, 2:0).
Двоен стрелец за Словачка беше Јурај Слафковски, а по еден постигнаа Самуел Такач и Павол Регенда.
Ова е прв медал во историјата на словачката репрезентација на Зимските олимписки игри.
Во борбата за златото ќе ги одмерат силите Финска и Русија, а тој меч е на програмата утре, 20 февруари.