Кинеската натпреварувачка Ајлин Гу ја освои титулата олимписка победничка во слободно скијање во дисциплината Биг Ер на Зимските олимписки игри во Пекинг пред Французинката Тес Ледо и Швајцарката Матилде Жермо.
Гу (18), која е родена во САД, со одличен учинок во третата серија стигна до златото, од третата позиција успеа да стигне до првата со 188,25 поени, 0,75 повеќе од главниот фаворит Ледо (20), трикратната победничка на X Игрите , додека бронзената Жермо освои 182,50 поени.
Ова е веќе трет златен медал за домаќините на Зимските олимписки игри во Пекинг, што во моментов ја става Кина на врвот на листата на освојувачи на медали. Кина сега има три злата и две сребра, втора е Шведска со три злата, а третата Русија има две злата, три сребра и две бронзи.
Триумфот на Гу во живо од трибините го следеше и кинеската тенисерка Пенг Шуаи, за која светската јавност беше многу загрижена во последните месеци бидејќи исчезна од јавноста по обвинувањата за сексуална злоупотреба од висок кинески политичар. За време на натпреварот со Пенг се сретна и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, кој во саботата вечерал со тенисерката.
РЕЗУЛТАТИТЕ:
1. Гу Ајлин (Кина) 188,25
2. Тес Ледо (Фра) 187,50
3. Матилде Гремо (Швајцарија) 182,50
4. Меган Олдам (Кан) 178.00
5. Кирсти Муир (Велика Британија) 169,00
6. Сара Хоефлин (Швајцарија) 158,75