Шпанскиот прволигаш Валенсија загуби од холандскиот ПСВ Ајндхофен во пријателски меч со 1-2, а солиден настап имаше новиот голман на шпанскиот тим, македонскиот чувар на мрежата Столе Димитриевски.

Саибари постигна гол за водство во третата минута, по што Канос израмни на 1-1, додека победата за ПСВ ја обезбеди Саибари со вториот погодок.

Димитриевски и покрај тоа блескаше на голот на Валенсија и запиша неколку одлични интервенции кои може да се погледнат ТУКА.