Женските фудбалски репрезентации на Австралија и Замбија одиграа спектакуларен натпревар на Летните Олимписки Игри на кој се постигнати вкупно единаесет гола и заврши со триумф на Австралијките (6-5).
Уште од почетокот беше најавена голеадата на овој дуел, затоа што на стартот Банда донесе предност за Замбија. Откако Кенеди израмни во седмата минута, преку Куданјани, Замбија ја врати предноста, а потоа со уште два гола Банда комплетира хет-трик за 2-4. За Австралија погоди Расо.
Во второто полувреме Куданјани постигна втор гол, за 2-5, меѓутоа и тоа не беше доволно за победа. Австралијките понудија два гола на Хејмен и два на Кејтли, за пресврт и конечни 6-5. Овој натпревар беше спектакуларен, но не и рекорден. Кај дамите, рекордот го држат Холандија и Замбија чиј натпревар заврши со резултат 10-3.
Во вториот меч од 19:00 часот, репрезентацијата на Шпанија славеше минимално над Нигерија (1-0) благодарение на голот на најдобрата фудбалерка Алексија Путељас во 85. минута.