Шпанската репрезентација доживеа уште еден пораз, денес од Ангола со 21-26 на Летните олимписки игри во Париз.

Шпанија беше подобар противник во првото полувреме и замина на паузата со предност од 15-14, но во вториот дел се сменија работите.

Ангола се разигра, а Шпанија имаше сериозни проблеми во нападот и на крајот го загуби мечот.

Најдобра кај Анголките беше Ненганга со седум гола, пред Мачадо со шест реализации, додека кај Шпанија, Кампос даде шест, а Гутиерез, која исто така доби и црвен картон, имаше четири реализации.

Ангола во следната рунда игра со Унгарија, додека Шпанија оди на мегдан со Холандија.