Ракометарките на Македонија до 20 години претрпеа тежок пораз во вториот натпревар на Светското првенство на кое сме домаќини. Исланд беше подобар од Македонија и ја победи со 17:29.
Избраничките на Дарко Јанев имаа одличен старт на натпреварот и поведовме со 3:0 кога Исланѓанките го постигнаа првиот гол. Добрата игра на нашите ракометарки продолжи и во наредните моменти, па дојдовме и до предност од шест гола разлика (8:2).
Но, од тој момент темпото на нашата игра почна да паѓа, а Исланд знаеше тоа како да го искористи. Вториот дел од полувремето им припадна комплетно на нив, па на пауза се замина со 11:11.
Со добра игра Исланд продолжи и во вториот дел кој го отвори со серија од 4:0. Во продолжение со неколку кратки серии разликата стануваше се поголема, па така на 15-тина минути до крајот таа беше и двоцифрена.
Најдобар стрелец во таборот на Македонија на овој натпревар беше Емилијана Ризоска со седум постигнати гола, ја следеше Ива Младеновска со четири голови. Кај Исланд се истакна Торкелсдотур со шест гола.
Последниот натпревар кој е клучен за пласманот во следната фаза на СП У20 во Скопје, нашиот национален тим го игра против Ангола. Дуелот е закажан утре (сабота) со почеток од 20:15 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а влезот за љубителите на ракометот е слободен.
На табелата Македонија има два бода исто колку што имаат Исланд и Ангола. САД е на последната позиција без бодови.