ФДудбалската репрезентација на Грузија освои историски бод на европските првенства, благодарение на извонредните одбрани на голманот Ѓорѓи Мамардашвили против Чешка. Голманот на Грузија капитулира само еднаш, во 59. минута, кога Патрик Шик успеа да ја испрати топката во неговата мрежа за конечен резултат 1-1.

Чешка имаше единаесет директни удари кон голот на Грузија, но Мамардашвили бранеше фантастично.

Грузија поведе на крајот од првото полувреме, кога по интервенција од ВАР собата беше досуден пенал поради игра со рака на Хранач. Георге Микаутадзе беше прецизен од белата точка за Грузијците.

https://twitter.com/i/status/1804511986727665683

Во 95. минута, Лобжанидзе имаше одлична можност да донесе победа за својот тим, но не успеа да биде прецизен.

Во третото коло, Чешка ќе игра против Турција, додека Грузија ќе оди на дуел со Португалија.