Трагичарот од финалето на Светското првенство (СП) во Катар, Рандал Коло Муани следното лето би можел да замине од Ајнтрахт Франкфурт и да потпише за францускиот шампион ПСЖ.
Францускиот првак планира да се засили следното лето, а „Ле Паризиен“ објави дека ПСЖ ќе плати 100 милиони евра за 24-годишниот фудбалер од Франкфурт.
Муани минатото лето пристигна бесплатно во Франкфурт, откако му заврши договорот со Нант, а за германската екипа постигна 15 голови и 14 асистенции на 30 настапи.