Ивановски со нов рекорден ранкинг продолжи да се искачува на АТП-листата! Најдобриот македонски тенисер во моментов, Калин Ивановски, денеска е за 16. места подобро пласиран во однос од пред една недела.
Пласманот во финалето на челинџерот во Тунис (6-12 февруари) , во кое го предаде мечот поради повреда му донесе нови осум ранкинг поени со што дојде до 478. место во светот. Македонецот втора недела по ред е меѓу 500. најдобри светски тенисери, што дефинитивно е голем потстрек за него, за да продолжи со напорна работа.
Наредната цел за Ивановски се достигнување на претходниците, од кои се уште е далеку. Најдобар пласман на македонски тенисер на АТП листата имаше Предраг Русевски (242. место), а зад него се Александар Китинов (296. позиција) и Лазар Магдинчев (339. место).