Во вториот дуел од натпреварот против германскиот тим, Медведев во два сета беше подобар од Јан-Ленард Штруф со резултат 2:0 (6:4, 6:4).
Вториот тенисер во светот имаше повеќе здравствени проблеми од противникот, односно крварење од носот, поради што мораше да побара медицински тајм-аут во вториот сет.
Мораше да стави тампони во носот за да го запре крварењето, но мечот го заврши со крвава опрема.
Во двата сета доволен му беше по еден брејк, додека на ривалот му дозволи само шест освоени поени на свој сервис.
Така за само 66 минути тенис ја заврши целата работа.
Претходно Андреј Рублев и го донесе првиот бод на Русија, која в недела од 16 часот во финалето ќе игра против Хрватска, која во петокот беше подобра од српската репрезентација