Шпанскиот тенисер Карло Алкараз без поголеми проблеми го совлада рускиот тенисер Андреј Рубљов (7-5, 6-2) во второто коло од групната фаза на завршниот Мастерс во Торино.

Русинот во првиот сет делумно успеа да му се спротистави на Шпанецот, но потоа нервозно влезе во вториот сет, кој потоа убедливо го загуби убедливо со 6-2.

Алкараз по поразот од Зверев на стартот сега повторно е во игра за едно од првите две места во Групата Б, кои водат во полуфиналето на завршниот Мастерс. Се зависи од пресметката меѓу Зверев и Медведев, како и неговиот задутрешен дуел со Медведев.

https://twitter.com/i/status/1724799750871093520