Новиот ден ни носи продолжение на сагата за случајот со Новак Ѓоковиќ.
„Како што е наведено на Судот, министерот Хок размислува да ја укине визата на г-дин Ѓоковиќ во согласност со член 133В (3) од Законот за миграција. Според тоа, ова прашање ќе биде темелно разгледано. Од правни причини, несоодветно е да се коментира на оваа тема“, изјави портпаролот на Хок.
Локалните новинари јавуваат дека Хок најверојатно нема да донесе одлука во вторник, па сагата би била продолжила и понатаму.
Судот во Мелбурн во понеделникот ја прифати жалбата на првиот светски тенисер да влезе во Австралија и да игра на „Ози опен“, но се уште не е готово.
Хок го има последниот збор…