Карлос Алкараз се мачи со својата форма и рано утрово беше поразен од Јари во полуфиналето во Буенос Аирес, но за разлика од него, Јаник Синер продолжи да прави крупни чекори и игра одлично во континуитет.
Италијанецот ја освои втората титула во 2024-та година и стигна до 15-та официјална победа во низа, откако попладневно без загубен сет славеше во финалето во Ротердам.
Освојувачот на Аустралијан Опен уште еднаш покажа дека игра на врвно ниво и не и даде никаква шанса на конкуренцијата во изминатите неколку дена, а денеска во финалето со 2:0 во сетови го совлада австралијанецот Алекс Де Минаур.
Австралиецот беше сериозен предизвик со оглед на тоа што на патот до финалето ги совлада Рубљов и Димитров, но едноставно попладневно не можеше да му нанесе пораз на Синер.
Јаник направи по еден брејк во двата сета и победи во два сета со 7:5 и 6:4, со што стигна до 12-та титула во својата кратка тениска кариера.
https://twitter.com/i/status/1759259947693420976