Младиот Карлос Алкараз продолжува сигурно да чекори на Ролан Гарос, а на вчерашниот последен натпревар од програмата го победи Карен Хачанов во три сета.
Шпанецот славеше со 6-1, 6-4 и 6-4 и на својот втор настап во кариерата на Ролан Гарос за прв пат ќе игра во четвртфиналето. Во вторник ќе се соочи со Александер Зверев во реванш од финалето на мастерсот во Мадрид.
Алкараз тогаш славеше против Германецот убедливо со 6-3 и 6-1.