Во баражот за опстанок во косовската прва фудбалска лига се сретнаа Вуштрија и Малишева.
Натпреварот беше прекинат во 79.минута кога судијата досуди пенал за домашниот тим при резултат 0-2. Навивачите на гостинскиот тим беа разочарани од оваа одлука на судијата, кој претходно се консултираше и со ВАР. Тие буквално го откорнаа голот на кој домашните фудбалери требаше да шутираат.
Дуелот продолжи по некаде 20.минути пауза, а гостите сепак славеа со 1-3 и обезбедија место во Првата лига за следната сезона.