Станковиќ неделава седна на клупата откако Сампдорија го избрка Марко Џампаоло поради очајни резултати, но гигантот од Џенова не успеа да дојде до првата сезонска победа, но успеа барем да ја спречи губитничката серија со четири порази во низа.
Сонародникот на новиот тренер Филип Ѓуричиќ во 72-0та минута го обезбеди ремито, откако Болоња поведе со гол на Николас Домингес по пола час игра. Болоња со ова четврто реми сезонава има седум бода и е 17-та, но со само еден триумф на последните шест меча, додека Сампдорија остана последна со третиот сезонски бод досега.