Ракометарките на Ѓорче Петров вчера во реваншот го победија исландскиот претставник,тимот на Ка Тор со 34:23 и се пласираа во следната фаза во Европскиот Куп. На првиот натпревар, кој исто така се одигра на Исланд, беше нерешено 20:20.

Ризоска беше извонредна, блескаше со 9 голови, Николиќ постигна шест, а Коларовска и Јанкулоска постигнаа по пет.