Искусниот хрватски фудбалер и поранешен репрезентативец Филип Брадариќ направи шокантен трансфер во втората лига на ХНЛ (Хрватска фудбалска лига).
Брадариќ (30) очајно бараше клуб, а бидејќи дури во септември го раскина договорот со Ал Ахли, изборот беше стеснет. Затоа реши да се врати во татковината и да игра во второлигаш.
Нов клуб на некогаш одличниот играч за врска ќе биде второлигашот Јарун од истоимениот град во Загреб. Таму Брадариќ ќе игра бесплатно и ќе се обиде да најде нов aнгажман на зима, се со цел да ја одржи физичката форма.
Никој од далматинските клубови не ми се јави, а како што кажав и претходно, можам да играм само за Хајдук во првата ХНЛ.
Тоа ќе биде голема промена за играчот кој голем дел од кариерата мина во „топ пет лигите“. Беше член на Каљари и Селта Виго, а последните години ги помина во Саудиска Арабија каде играше за Ал Аин и Ал Ахли.
Во кариерата ќе остане запаметен по настапот на Светското првенство во 2018 година, кога Хрватска сензационално го освои сребрениот медал, постигнувајќи го најголемиот успех во историјата на тамошниот фудбал.