Во плејофот за пополнување на Лига 1, Оксер на пенали го совлада Сент Етијен и се врати во француската елита.
На стадионот „Жефроа Гишар“ вечерва на ревашот беше 1-1, идентично како и на првиот натпревар во Оксер. По продолженијата немаше голови па победникот го решаваа пеналите. Ријад Будебуз беше трагичар за „зелените“, кој промаши во првата серија, а Оксер славеше со 4-5.
По завршувањето на натпреварот настана општ хаос на теренот, бидејќи гневните домашни навивачи влетаа на теренот и ги нападнаа фудбалерите. Тие фрлаа со факели кон своите „миленици“, кои бегаа во тунелот за да спасат жива глава.