На натпреварот од чилеанската Втора лига, фудбалерот на Универсидад де Консепсион на неверојатен начин ја затресе својата мрежа. Во обид да расчисти една опасност, тој ја шутна топката но ја одби 20-тина метри во вис. Сите, па и голманот мислеа дека таа ќе заврши во корнер, но во необичен лак топката се врати на теренот и заврши во мрежата.
Квиеро подоцна му сугерирал на судијата дека топката навистина прво го напуштила теренот и дека треба да биде досуден корнер, но главниот арбитар останал на одлуката дека тоа е гол.