Екипата на Вашингтон Стејт синоќа го заврши основниот дел од сезоната во НЦАА, а со тоа, македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски веројатно ја заврши својата епизода и престојот во овој универзитет.
Вашинтон Стејт на домашен терен против Вашингтон загуби со 74:68, односно со ова го заврши овој дел на втората позиција во својата конференција.
Пред натпреварот Вашингтон Стејт ги испочитува своите сениори меѓу кои е и нашиот репрезентативец Андреј Јакимовски. Тој во присуство на неговото семејство доби благодарница од универзитетот за се што направи во изминативе години за популарните „кугарс“.
https://twitter.com/i/status/1765912091582668897
Новиот предизвик за Јакимовски и другарите е настапот во Лас Вегас.
Инаку нашиот ас имаше проблеми со раката против Вашингтон и постигна само два поени со три скока.