Ентони Бенет, поранешниот прв пик на НБА драфтот заминува во Тајван.
Ентони Бенет своевремено беше првиот пик на НБА драфтот, кога генералниот менаџер на Кливленд Кавалирс, Дејвид Грифин, го оцени како најталентиран кошаркар во тој момент.
Тогаш беше студент на Универзитетот во Невада во Лас Вегас, реално не беше проектиран за првата позиција , набрзина беше „изеден“ и го заврши своето во НБА лигата.
Пред почетокот на сезоната тој потпиша краткорочен договор со Хапоел од Ерусалим, но набрзо дојде до прекин на соработката и договорот беше раскинат на 25 декември.
Сега добиваме нови информации за неговата кариера, а тоа е официјалното соопштение на тајванскиот клуб Каосунг Стилерс дека потпишале договор со Ентони Бенет, поранешниот прв пик на НБА драфтот.
Тој ќе мора да помине тринеделен карантин пред да се приклучи на тренинзите на новиот тим.