Кошаркарите на Денвер Нагетс со 125-113 го совладаа Њу Орлеанс, а Никола Јокиќ уште еднаш беше брилијантен и најдобар на теренот.
Јокиќ го запиша својот прв трипл-дабл за оваа година откако постигна 27 поени, имаше 14 асистенции и 10 скокови. Србинот имаше поддршка од Мареј и Портер кои постигнаа по 20 поени.
Во составот на Њу Орлеанс, Вилиамсон постигна 30 поени, и тој беше најефикасниот играч на натпреварот.
Тандемот Томсон и Кари му донесоа победа на Голден стејт на гостувањето кај Чикаго од 140-131.
Томсон постигна 30 поени, Кари имаше 27. Убедливо најдобар на теренот беше играчот на Чикаго, Дероузен, но неговите 39 поени не беа доволни за да се избегне пораз од поранешниот шампион.