Ракометната репрезентација на Унгарија со победа стартуваше на Европското првенство во Германија. Унгарија беше голем фаворит и ја победи Црна Гора (26-24) но со тешка мака и во последните секунди од дуелот се одбрани.
Натпреварот цело време беше израмнет, Црна Гора беше одлична, но на крајот остана со празни раце. На полувремето беше 14-14, а во финишот Унгарците имаа еден гол позитива (25-24).
По еден тајм-аут на Владо Шола, Црна Гора реши да не игра „седум на шест“. Акцијата за реми не беше на тренерот, туку на Бранко Вујовиќ, затоа што Шола сфати дека нема два пивоти затоа што исклучен е Вук Лазовиќ.
Во последниот напад Борозан го проигра токму Вујовиќ, тој испрати одличен шут кон голот, меѓутоа голманот Палашиќ го сопре неговиот обид да погоди и така Унгарија преку контра го постави конечниот резултат.
Палашиќ на овој натпревар забележа 10 одбрани, а Банхиди беше најдобар со шест гола. Кај Црна Гора, Драгашевиќ и Борозан имаа по шест гола, а голманот Симиќ фати 12 топки, на крајот беше прогласен за МВП на мечот.