Во едно од најспектакуларните финалиња во историјата на ракометот, Бенфика го совлада Магдебург во Лисабон по продолжение 40:39 (32:32; 15:14), комплетирајќи го сензационалното патување низ Лига Европа оваа сезона!
На три секунди до истекот на 60. минута, кога Вебер погоди за 32:21, навивачите на Магдебург веќе почнаа да ја слават одбраната на трофејот, но по тајм-аутот на Чема Родригез, Ѓорѓиќ го пронајде Борхес на линијата, а тој постигна гол и го одведе натпреварот во продолженија (двапати по пет минути).
А во продолжение Магдебург ја одржуваше гол предност до последната минута, кога играчот дотогаш со споредна улога, десниот бек Мореира ги постигна првите голови и донесе пресврт. Магнусон ја загуби топката, а Борхес на пет секунди до крајот го потврди триумфот на својот тим погодувајќи за 40:38.
Повторно најголеми протагонисти на успехот на „орлите“ беа српските репрезентативци Лазар Кукиќ и Петар Ѓорѓиќ, кои особено во последните десет минути од регуларниот дел ја држеа играта на Бенфика и не дозволија Магдебург да направи позначителна предност.
Заедно со одбраните на Ернандез, еден од многуте клучни детали од овој меч, беше украдената топка на Кукиќ на крајот од продолжението, по што следеше пресврт.