„Не е лесно да се прилагодите на италијанскиот фудбал особено кога доаѓате од сосема поинаква лига. Во Црвена Звезда даде многу голови, стана европски првак во 1991 година, но имаше многу моќни играчи кои играа за него, како Савичевиќ, Просинечки, Југовиќ… Сите очекуваа од него да даде многу голови во Италија, но тоа не се случи и жал ми е за тоа. Жал ми е зашто знаеше како да даде гол, но едноставно во Италија не успеа“, рече Пандев во емисијата „екстратајм“ на радио РАИ.
Пандев во Италија е во топ 20 фудбалери со најмногу настапи во Серија А, има 492 меча, а е меѓу стотината фудбалери кои имаат сто гола во Калчото.