Англиски Ливерпул не успеа да освои ниту еден од двата највредни трофеи сезонава, а беше во игра за четири, откако прво остана без премиерлигашка круна во трката со Манчестер сити, а вчера со пораз од Реал Мадрид и без трофеј во ЛШ. Но, тоа не е пречка за градска забава на „црвените“.
Цел Ливерпул излезе да ги поддржи црвените после два освоени пехари во оваа сезона, куп-пехарите во Лига Купот и во ФА-Купот. Сцените за клуб кој останал без највредните пехари се нереални, ама сето ова е доказ колку навивачите го сакаат својот клуб.
И насмевките сѐ говорат ден после тешкиот пораз во Париз. Само мотивација повеќе за идната сезона.