Тиквеш од Кавадарци денес во Анталија Турција го одигра својот трет пријателски натпревар од Зимскиот подготвителен период против екипата на ФК Кубан Краснодар од Русија.
Кавадарчани одлично го започнаа натпреварот и до крајот на првото полувреме со головите на Александар Мишов и Ристе Темелков имаа убедливо водство против второлигашот од Рускија.
До крајот на наптреварот Кубан успеа да се избори за нерешен резултат и конечни 2:2.