Лече по десетти пат се врати во италијанската елитна Серија А и само Аталанта, Бреша (по 12) и Бари (11) имаат повеќе кам-бекови од второлигашката конкуренција во најсилната лига на Апенините, после завршницата во Серија Б, по која Кремонезе е вториот директен патник за идната сезона.
Монца на Силвио Берлускони извиси за директен пласман, па ќе мора преку тешкиот плејоф да ја бара последната виза за место во италијанската елита откако загубија со 0-1 од Перуџа. Монца и Пиза ќе чекаат ривали во полуфиналето од четвртфиналните двојки Бреша – Перуџа и Асколи – Беневенто. Победниците од овие дуели ќе вкрстат со Пиза и Монца, а потоа победниците од полуфиналињата во финале ќе решаваат за третиот патник во Серија А.
Откако лани Салерно после две децении дочека да гледа елитен италијански фудбал со пласманот на Салернитана, Кремонезе еден од култните тимови од 90-те првпат се враќа во елитното друштво по повеќе од две ипол децении.
Последен пат кога играше Кремонезе во Серија А беше сезоната 1995/96.