Дејан Илиев беше херој на Сараево против Слобода во осминафиналето на Купот на Босна и Херцеговина.
Откако регуларниот дел заврши 1-1, екипите изведуваа пенали, при што македонскиот голман Илиев беше одличен и одбрани два удари од белата точка.
Илиев го засили тимот од БиХ во зимскиот преоден рок, откако пристигна од финскиот Хелсинки.