Рома триумфира со 2-1 на гостувањето кај Интер во рамки на големото дерби од 8.коло во Серија А.
Федерико Димарко ги доведе „нераѕурите“ во водство од 1-0 во 30.минута. По девет минути Пауло Дибала со одличен погодок израмни на 1-1. Во моментите кога Интер изврши притисок и беше подобар, „волчицата“ направи пресврт. Лоренцо Пелегрини центрираше од слободен удар, а стоперот Крис Смолинг со глава од непосредна близина го матираше Самир Хандановиќ во 75.минута за победа од 1-2.
По овој пораз, трет на последните четири средби, Интер падна на седмата позиција со 12 бодови, а клупата на тренерот Симоне Инзаги сериозно се тресе. Рома е четврта со 16 бодови.