Денеска ширум Европа се играат неколку интересни натпревари, има многу дерби натпревари како помеѓу ривали за титулата така и помеѓу регионални или градски ривали.
Во Холандија се игра дуелот ПСВ и Феенорд. Секако во центарот на вниманието е мечот Атлетико – Реал Мадрид. „Кралевите“ одат на дуел без својот најдобар центарфор Карим Бензема, а немаат победа на „Метрополитано“ од февруари 2019 година, односно три натпревари по ред на тој стадион (две ремија и еден пораз).
Реал е на втората позиција со 15 бода, поен помалку од лидерот Барселона, а Атлетико е седми со 10 бода (3 победи, 1 реми и 1 пораз).
Спартак Трнава и Милан Ристовски ќе се соочат со шампионот Слован Братислава. Слован е лидер со 22 бода, а Спартак има четири помалку. „Црвено-црните“ ќе се обидат да стигнат до победа над шампионот после четири неуспешни обиди (два порази и две ремија).
Елиф Елмас и Наполи ќе му гостуваат на Милан. Борба меѓу југот и северот на Италија.
Денот завршува со Класико де Саудаде или во превод „Носталгично дерби“ во Бразил помеѓу Палмеирас и Сантос. Ова дерби датира од 1916 година, а се соочуваат двата најуспешни бразилски клубови во елитната бразилска лига. Тоа е едно од најголемите дербија на државата Сао Пауло но и во Бразил.
Де Кракер
ПСВ – Феенорд 14:30 ч.
Нортсајд дерби, Реп.Ирска
Шелбурн – Бохемијанс 15:00 ч.
Вечното дерби на Бугарија
Левски – ЦСКА 15:45 ч.
Дерби на Словачка
Спартак Трнава – Слован Братислава 17:30 ч.
Дерби на Молдавија
Шериф – Зимбру 18:00 ч.
Дербито на Москва
Спартак – Локомотив 18:00 ч.
Дуел меѓу северот и југот, Италија
Милан – Наполи 20:45 ч.
Дербито на Мадрид
Атлетико – Реал Мадрид 21:00 ч.
Фла-Флу дерби, Бразил
Фламенго – Флуминенсе 21:00 ч.
Класико де Саудаде, Бразил
Палмеирас – Сантос 23:30 ч.