Арсенал покажа дека поразот од Манчестер јунајтед е во минатото, шесто коло беше само лош ден и го потврди својот очигледен напредок со победа од 3-0 на гости кај Брендфорд. Со оваа победа, „топчиите“ ќе останат првопласирани на табелата во Премиерлигата до следната рунда, предвидена за 1 октомври.
Тимот кој е еден од најефикасните во Англија сезонава, со 10 гола на четири домашни натпревари, овој пат остана на нула против Арсенал, не можејќи да ги поврзе своите редови. Брендфорд беше целосно надигран и можеби еден од факторите за тоа е раното водство на Арсенал.
Во 17. минута Салиба погоди за 1-0, а само десетина подоцна Жесус зголеми на 2-0. Дури и да се соземале и мотивирале во паузата меѓу двете полувремиња, фудбалерите на Брендфорд ги снајде нов удар по неполни четири минути во вториот дел.
Фабио Виеира биеше од далечина и го постигна својот дебитантски гол во Премиерлигата, откако летово дојде од Порто за 35 милиони евра. Статистичарите од „Опта“ пресметаа дека само 19 фудбалери постигнале гол на својот прв натпревар како стартер за Арсенал, но 22-годишниот Виеира бил првиот меѓу нив, кој го направил тоа со шут надвор од шеснаесетникот.